Најинтересен меч на СП 2022: Српските Орли се разлетаа 148 секунди, па беа приземјени за 151 секунда! (Видео)

Србија и понатаму останува без победа на светските првенства против африкански противник, денеска ремизираше 3-3 против Камерун во највозбудливиот натпревар на Мундијалот во Катар.

Камерун поведе, па Србија за 148 секунди во судиското продолжение од првиот дел даде два гола за историски пресврт, а потоа Митровиќ погоди за 3-1 и Орлите помислија дека работата е завршена и дека ривалот е разбиен.

Но, влегувањето на Абубакар донесе нов пресврт, тој беше творец на камерунското будење, Камерунците дадоа два гола само за 151 секунда и во 66-тата минута имаа 3-3.

Сега на Србите им останува да навиваат за триумф на Бразил над Швајцарија, а потоа тие самите да ја совладаат Швајцарија во последното коло за пласман меѓу 16-те најдобри.

Ова е убавиот гол на Абубакар за 2-3 кој прво беше поништен, па признат:

https://twitter.com/i/status/1597191325799038976

- Оглас -

Најнови вести