Британецот Лојд Гласпул го имаше најинтересниот и најнеобичен поен на досегашиот тек од Отвореното првенство на САД во тенис. На мечот од првото коло во двојки, игран пред пет дена, Гласпул, кој беше во тандем со Даниел Еванс, чекаше топчето да падне во нивно поле пред да го забие, но топчето при падот имаше чудно движење, па Гласпул одеше околу мрежата и се најде покрај противничкото поле, па не му беше тешко да освои поен.
Погледнете што се случи, поенот е чуден, но регуларен:
https://twitter.com/i/status/1435010748430753794