Крилото на Бостон селтикс, Џејлен Браун, кој носи опрема на „Адидас“, го обвини спортскиот бренд „Најки“ дека е виновен што не е повикан во репрезентацијата на САД да го замени повредениот Кавај Ленард.
Откако Кави Ленард го напушти тренинг-кампот поради повреда на коленото, дополнителен повик доби Дерик Вајт, што беше сомнителна одлука бидејќи неговиот тимски колега Џејлен Браун беше МВП на финалето на НБА и ја покажа својата подготвеност да оди на ЛОИ во Париз.
Несогласувањата на брендот со Џејлен датираат од 2022 година, кога „Најки“ ги прекина односите со Кајри Ирвинг, обвинувајќи го за ширење антисемитски пораки и пораки на омраза, а Браун веднаш одговори со твит: „Од кога Nike се грижи за етиката?“, напиша тој.
Браун рече дека му се јавил на Вајт за да се осигури дека нема забуна и да му ја покаже љубовта кон него и дека нема ништо против неговиот избор да биде во националниот тим.
„Не бев изненаден што не ме повикаа, сигурен сум дека „Најки“ одигра улога што не влегов во списокот, но веќе нема да коментирам за тоа. Среќен сум за Д-Вајт. Супер е да имаме толку многу наши момци таму“, рече Браун.