Најкорисниот играч во НБА се шета со папучи од 115 евра! (Фото)

Најкорисниот кошаркар во НБА лигата, Никола Јокиќ, одморот го користи во својот Сомбор каде се грижи за своите коњи, а српските медиуми се заинтересираа и за папучите со кои се шета центарот на Денвер нагетс.

Јокиќ беше во лежерно издание, во маица, шортс и папучи. Токму папучите на „Најк“ од моделот „Benassi JDI Fanny Pack“ се најкоментираниот детал од облеката.

Овој модел на папучи какви што носи Јокиќ, чини 115 евра. Папучите имаат и свој џеб на закопчување, па таму може да се чуваат и ситни предмети.

- Оглас -

Најнови вести