25.8 C
Skopje
понеделник, 4 август 2025

Најкратката лига на светот го доби својот шампион (Фото)

На Гренланд заврши националниот турнир за 2025 година, а шампионскиот пехар го крена клубот Б67 од главниот град Нук. Во големото финале, Б67 го победи ривалот ИТ79 со резултат од 2-1.

Звучи неверојатно, но за да станете шампион на најголемиот остров во светот, треба да одиграте само пет натпревари! Лигата трае само шест дена, а тимовите играат три натпревари во групата и два во плејофот.

Б67 по рекорден 16-ти пат ја освои титулата во Гренланд. Сега им претстои најдолгата пауза во едно фудбалско првенство на планетата, до следниот турнир остануваат уште дури 364 дена.

Инаку на Гренланд на стадионот нема класични трибини туку публиката седи на столчиња во два неколку реда или на околните карпи. Истотака, таму знае да се одложи меч како што беше тој за седмото место поради необична причина: почната е сезоната на лов на ирваси, па „фудбалерите“ од едниот тим не сакаа да ја пропуштат шансата да отидат на лов.

- Оглас -

Најнови вести