Вчера на Боксинг деј, на дуелот меѓу Арсенал и Вест хем многу интересен беше случајот на Мохамед Елнени, а за репрезентативецот на Египет тоа беше најлесно заработена премија.
Влезе во игра во петтата минута од судиското продолжение на мечот, на местото на Томас Парти и истрча десеттина метри, без да ја допре топката и мечот веќе заврши.
— Out Of Context Football (@nocontextfooty) December 27, 2022
Арсенал со пресврт успеа да победи со 3:1, откако по првото полувреме губеше со 0:1 на свој терен во лондонското дерби.