31.8 C
Skopje
среда, 16 јули 2025

Најлош старт на Арсенал во повеќе од едновековната историја

Арсенал загуби во градското дерби од Челзи со 0:2 во меч на кој Топчиите делуваа инфериорно во однос на противникот. За Арсенал ова беше втор пораз во второто коло и без ниту еден бод, екипата е на претпоследното место на табелата.

Тоа што е поалармантно е дека Арсенал во првите две кола не само што не освои ниту еден бод, туку не успеа да постигне ниеден гол. Во првото коло тимот на Микел Артета загуби на гости кај Братфорд со 2:0 и со гол-разлика 0-4 е само пред Норвич, кој има гол-разлика 0-8.

Ако се погледне историјата, Арсенал никогаш немал полош старт на едно првенство. Во 118 години натпреварување во некоја од четирите најсилни лиги во Англија, досега се намло случено Топчиите да ги загубат првите два меча, и тоа без да дадат ниту еден гол.

Во третото коло Арсенал ќе гостува кај шампионот Манчестер сити и ќе биде навистина изненадување ако лондонскиот тим токму на овој меч успее да стигне до првите бодови во Премиер лигата за оваа сезона.

 

- Оглас -

Најнови вести