Најлошата „Паненка“ што е видена ја остави Сарагоса во втора лига (Видео)

Хави Рос, фудбалерот на Сарагоса, во 87-мата минута од полуфиналето на плејофот за влез во шпанската Примера доби шанса од пенал да постигне гол и на својот тим да му ги продолжи надежите дека ќе се пласира во финале, но тој толку лошо го изведе пеналот, што сега е хит на социјалните мрежи. Хави покажа како не треба да се шутира пенал во стилот Паненка.

Првиот меч заврши 0-0, а синоќа Елче како гостин славеше со 1-0 и ќе игра финале против Жирона. Рос имаше прилика да израмни на 1-1 на три минути до крајот и погледнете како се заврши обидот:

https://twitter.com/i/status/1295116837991198723

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести