Најлошата тенисерка во историјата заработи повеќе од 100 евра за секој освоен поен

Еден од мечевите кои го одбележаа стартот на 2026 година на тениски план е настапот на извесна Хажар Абделкадер од Египет. Таа доби посебна покана да биде дел од ИТФ турнирот во Најроби и сите ги разочара.

Кога се појави на теренот, стана јасно дека Абделкадер воопшто не знае како правило да го држи рекетот и тоа дека воопшто не е ни на аматерско ниво. Противничка на Абделкадер беше Лорена Шадел, а Германката која е на 1.026 место на ВТА листата на крајот победи убедливо со 6:0, 6:0 и тоа во меч кој траеше само 37 минути.

Вкупно, Абделкадер освои само три поени во текот на целиот меч, а два беа поради двојни сервис грешки на противничката. За настапот на овој турнир и за 37-те минути поминати на теренот, Абделкадер заработи 350 евра. Тоа значи дека за секој освоен поен на овој меч, Абделкадер заработила по околу 120 евра.

- Оглас -

Најнови вести