Најлошиот прв пик на драфтот во НБА доби отказ и во Израел

Ентони Бенет беше избран како прв пик на драфтот во НБА лигата во 2013 година, а Кливленд се надеваше дека добива идна голема ѕвезда. Сепак, наместо голема кошаркарска ѕвезда, Кливленд всушност го одбра најголемото разочарување во историјата на НБА лигата, кога се работи за прв пик на драфтот.

Крилниот центар помина епизодни улоги во Кливленд, Минесота, Торонто и Бруклин, а беше дел и од Развојната лига во САД. Откако не успеа да се наметне во НБА, реши да прави кариера во НБА.

Во 2017 година потпиша за Фенербахче со кој ја освои Евролигата, но тој имаше епизодна улога, па брзо си замина. Каде и да игра, Бенет досега не останал подолго од една година, па така беше и во неговиот последен клуб Хапоел Ерусалим.

По само четири месеци поминати во Хапоел, Бенет доби отказ од израелскиот тим и сега, кошаркарот кој бил прв пик на НБА драфтот, повторно е без клуб.

- Оглас -

Најнови вести