„Најлуд“ меч во ЛШ: Манчестер го почувствува „Театарот на кошмарот“ во Копенхаген! (Видео)

Копенхаген се израдува на една од најважните победи во Лигата на шампионите откако со 4:3 го победи Манчестер јунајтед на стадионот „Паркен“ и им донесе голема радост за домашните навивачи. Со оваа победа Копенхаген стигна до четири бода и моментално е на второто место во групата во која 4 бода има и Галатасарај, а Манчестер јунајтед е последен со три бода. Убедлив лидер е Баерн Минхен со максимални 12 бода.

Неверојатно драматичен беше дуелот во Копенхаген. Манчестер јунајтед со голот на Хојлунд поведе само по три минути игра, а истиот играч зголеми на 2:0 во 28-мата минута.

Манчестер јунајтед имаше целосна контрола на теренот сè до 42-рата минута, кога директен црвен картон доби Маркус Рашфорд.

Само што остана со играч помалку, играта на Манчестер се распадна, а тоа го искористи Копенхаген. Домашниот тим до крајот на првото полувреме даде два гола и стигна до 2:2.

Во 69-тата минута, Бруно Фернандеш со гол од пенал повторно донесе радост за Манчестер јунајтед и водство од 3:2, но тоа не беше крајот на возбудувањата.

Копенхаген имаше фуриозен финиш и најпрво во 83-тата минута израмни на 3:3, па во 87-мата минута младиот 17-годишен Бардгљи погоди за комплетен пресврт и победа на Копенхаген.

Пред почетокот на мечот, домашните навивачи направија кореографија со порака за гостите „Добре дојдовте на театарот на кошмарот“. На крајот навистина овој меч беше кошмарен за Црвените ѓаволи од „Олд Трафорд“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести