Она што се случува во полската фудбалска Екстракласа е нешто што го нема ниедна друга лига. По повеќе од половина од првенството, разликата помеѓу првиот и последниот е само 11 бодови.
Вообичаено е помалите клубови брзо да се одвојат во борбата за опстанок, додека трите или четирите најсилни тима го контролираат врвот на табелата.
Во Полска, буквално и „фенерџијата“ сè уште може да сонува за титулата, а и претпоследната Легија, кој е најуспешниот полски клуб со 15 титули со серија од неколку победи би влегла во трката за тронот.
Висла Плок е на првото место со 30 бода, исто колку и второпласираниот Горник Забже, но Висла е на чело и есенски првак. Термалица Брук Бет моментно е на последното место со 19 бода. Долната половина од табелата е во опсег само од два бода, Погон Шченсни е десетти, а има само два бода повеќе од 18-тата и последна Термалица.
Секоја победа ве лансира кон врвот, додека поразот може да ве фрли до дното на табелата. Секој може да победи секого, нема тим со помалку од четири победи. Статистиката покажува дека таква бодовна блискост не е видена во современиот европски фудбал.

