19.8 C
Skopje
среда, 6 август 2025

Најлуда трансфер сага летово, фудбалер на Ајакс заглавен во лавиринт

Невидена трансфер сапуница се одвива околу напаѓачот на Ајакс, некогашниот член на Арсенал, Чуба Акпом.

Пред два дена Ајакс и Бирмингам сити се согласија за позајмица со обврска за откуп доколку Бирмингем влезе во Премиер лигата. Беа закажани лекарски прегледи, но вчера, додека Акпом веќе беше на пат кон Бирмингам, неговиот поранешен клуб Мидлсбро неочекувано се вклучи и се обидоа набрзина да го „украдат“, но Ајакс ја отфрли нивната понуда и остана посветен на договорот со Бирмингем.

Но, следеше нов пресврт. Ипсвич таун се приклучи во трката, нудејќи финансиски повеликодушен пакет. Тоа беше доволно за Ајакс и Акпом да го откажат веќе закажаниот медицински преглед во Бирмингам во последен момент.

Акпом во меѓувреме пристигна во Ипсвич и ги помина медицинските прегледи, што укажува дека го претпочита нивниот проект. Но, сега Бирмингам не се откажува. Тие се обидуваат да го убедат со нов предлог – перманентен трансфер, што е решението што го сака Ајакс.

Холандскиот гигант сакаат да се ослободи од фудбалерот поради високата плата која е голем товар за буџетот на клубот, и продажбата за нив е далеку подобра опција од позајмица како онаа што ја нуди Ипсвич.

Сега имаме ситуација Ајакс да преферира да го продаде Акпом во Бирмингам, а играчот сака да игра за Ипсвич.

Да биде ситуацијата уште поинтересна, токму Бирмингам и Ипсвич со меѓусебен дуел в петок ја отвораат новата сезона во Чемпионшип, а сè уште не е познато за кој тим ќе игра Акпом.

 

- Оглас -

Најнови вести