1.8 C
Skopje
среда, 28 јануари 2026

Најлуда вечер во историјата на ЛШ, 18 меча во исто време, секој гол ќе биде важен

Вечерва од 21 часот почнува вистинско двочасовно уживање за љубителите на фудбалот, се играат 18 натпревари од Лигата на шампионите од последното осмо коло во лигашкиот дел.

Во моментов единствените сигурни топ 8 екипи се Арсенал и Баерн Минхен, кои се рангирани на првото и на второто место. Првите осум тима на табелата продолжуваат директно во осминафиналето, избегнувајќи ги дополнителните нокаут плејоф-натпревари што ги чекаат екипите што ќе завршат помеѓу деветтото и 24-тото место.

Сезоната завршува за Каират, Виљареал, Славија Прага и Ајнтрахт Франкфурт, кои немаат шанси за првите 24 места. Тимовите што ќе се најдат во зоната помеѓу 25-тото и 36-тото место ќе бидат елиминирани.

Многу екипи се под притисок, дигитроните ќе работат без прекин, секој гол може да ја смени ситуацијата на табелата. Италијанскиот шампион Наполи, во кој игра единствениот македонски фудбалер во ЛШ, Елиф Елмас, има проблем. Наполи е 25-ти и ќе го пречека Челзи на домашен терен. Победата е задолжителна, а со пораз тука ќе биде крајот на европските настапи на Наполи сезонава.

- Оглас -

Најнови вести