Најлудата приказна од преодниот рок: Го платија 18 милиони, веднаш го продадоа за 25 милиони и го задржаа во своите редови

Преодниот рок во најсилните фудбалски лиги во Европа заврши, а една од најинтересните приказни доаѓа од Англија, а во главна улога е тимот на Нирнберг. Германскиот тим реши да плати 18 милиони евра за доведување на младиот грчки репрезентативец Стефанос Цимас.

Како позајмен играч од ПАОК, Цимас сезонава одигра 18 меча за Нирнберг и постигна дури 10 гола, а сега германскиот тим реши да го откупи неговиот договор, но и веднаш да го продаде.

Трансферот од 18 милиони евра беше рекорден за еден тим од втората германска лига, но Нирнберг не губеше време за да заработи од тоа што делуваше како многу скапо. Само неколку часа откако Нирнберг го купи Цимас, веднаш реши да го продаде, и тоа во Англија.

Екипата на Брајтон „загриза“ за младиот фудбалер и реши да плати 25 милиони евра за потписот на Цимас. Со тој потег, Нирнберг само за неколку часа заработи седум милиони евра. Освен тоа, Нирнберг се договори Цимас да остане во нивните редови до крајот на преодниот рок, што значи покрај тоа што заработија седум милиони евра за неколку часа од еден играч, туку и тој играч ќе игра за нив до крајот на оваа сезона.

„Многу сум среќен што мојот сон да играм во Премиер лигата ќе ми се исполни. Сакам да му се заблагодарам на Нирнберг за можноста која ми ја даде и довербата која ја има во мене“, рече Цимас.

 

 

- Оглас -

Најнови вести