Најлудиот крај на Четири скокалници во историјата: Побендикот се фаќаше за глава, во решавачкиот момент на најдобриот му беше забрането да скока

Со скоковите на скокалната во Бишосхофен заврши 73-тото издание на Новогодишната турнеја „Четири скокалници“ во ски-скокови. Титулата ја освои 22-годишниот автриски скокач Даниел Чофениг.

Со оваа победа Чофениг стана првиот Австриец што по пауза од 10 години го освои „Златниот орел“ наменет за најдобриот по четирите скокалници. Штефан Крафт беше последнот Австриец кој во 2015 година беше најдобар, а и сега токму Крафт беше на чекор од освојување на турнејата, но на крајот се случи нешто неочекувано.

По трите скокалници, Крафт беше најдобар со 887,1 поени пред Јан Херл со 886,5, додека Чофениг беше трет со 885,8 поени. Тоа значеше дека во Бишосхофен ќе се знае генералниот победник.

По првата серија Чофениг беше на дури шестото место, но во последниот скок имаше неверојатна далечина од 140,5 метри и се најде на првото место. Крафт кој беше прв по првата серија ја имаше честа да ја затвори Новогодишната турнеја. Кога е подготвуваше да тргне, ветерот беше пресилен, па судиите го стопираа неговиот настап. Потоа с ечекаше еден тест-скокач да се провери дали безбедноста е на потребното ниво, а на крајот кога Крафт скокна имаше разочарувачки скок и на крајот заврши како трет во Бишосхофен, а со тоа не само што му ја препушти победа на Чофениг на оваа скокалница, туку воопшто Чофениг е победник на Новогодишната турнеја.

Во генералниот пласман, Чофениг имаше 1,4 поени повеќе од Херл, додека Крафт заостана 4,1 поен.

 

- Оглас -

Најнови вести