Најлудиот меч денеска се одигра во Финска: пет гола за 7 минути, се изведоа 16 пенали…

Екипите на Интер Турку и ХЈК Хелсинки приредија вистински спектакл за гледачите во финалето на Лига купот на Финска.

Трофејот го освои Интер по подобро изведување на пенали, но да одиме по ред.

По првото полувреме ХЈК водеше со 1-0 и ништо не навестуваше дека ова финале ќе се претвори во незаборавен меч. Во 48-ма минута почна спектаклот, тимот од Хелсинки поведе со 2-0, и тоа беше прв од петте гола кои паднаа за само 7 минути. Веќе во 55-та минута семафорот покажуваше 3-3. Пет минути подоцна ХЈК поведе со 4-3, а тимот од Турку во 88-ма минута израмни на 4-4 што беше и конечен резултат по регуларниот дел и се пристапи кон изведување пенали.

По пет серии немаше ниедна утка, сите пенали беа реализирани, така беше и во шестата и седмата серија, а во осмата серија Азербејџанецот Озан Кокчу не погоди за ХЈК и почна славјето на Интер.

- Оглас -

Најнови вести