Во втората шпанска лига се одиграа натпреварите од претпоследното, 41-во коло. Сите фаворити победија и останаа на исто растојание во пресрет на последното коло. Тоа значи дека пет екипи остануваат во голема борба за првите две позиции на табелата кои носат пласман во Примера, а кои ќе бидат тие ќе биде одлучено во последното коло.
Во предност е Гранада со 72 поени, еден повеќе од второпласираниот Лас Палмас. Следуваат Алавес со 70, Леванте со 69 и Еибар со 68 поени. Првите четири екипи денес забележаа победи, додека најголем губитник е тимот на Еибар кој одигра само 2-2 против Спортинг Хихон и си ги сведе шансите за промоција на минимум.
Екипите од третата до шесттата позиција на табелата ќе играат во плеј-офот и ќе имаат нова шанса за промоција, а тука се знае дека како шесттопласирана ќе биде екипата на Албасете.
Сите натпревари од последното коло ќе се одиграат следната сабота во 21 часот.
Веќе е познато дека лигата ја напуштаат Малага, Понфередина, Ибица и Луго.