Најмалер тикет на месецот: Со 20 денари, му избега МИЛИОН поради Манчестер јунајтед! (Фото)

Една од најомилените игри на оние кои сакаат да играат тикети на кои ќе има мечеви со поголеми коефициенти е играта гол-гол во прво полувреме. Токму на таа тактика, еден обложувач во Sport Life уплатил тикет со седум натпревари ГГ прво полувреме, а на крајот успеа да погоди шест.

Коефициентите на овие седум меча се движеа меѓу 4.80 и 5.80, а кога ќе се вложат само 20 денари на ваков тикет, можната добивка изнесува ЕДЕН МИЛИОН денари. На крајот, само ЕДЕН ГОЛ фалеше за тикетот да биде добитен на милион денари.

Од седумте меча кои се одиграа и 14-те екипи кои требаше да дадат гол во првото полувреме, единствено гол не даде најголемиот фаворит од сите, Манчестер јунајтед. Црвените ѓаволи играа на „Олд Трафорд“ против Брајтон, а гостите поведоа уште во 13-тата минута со голот на Дани Велбек.

Манчестер имаше повеќе од 30 минути целосна офанзива да израмни, а со тоа да донесе добивка од еден милион денари на обложувачот затоа што овој меч е и последен на несудениот милионски тикет. Домаќините победија со 2:1, но двата погодоци на Црвените ѓаволи беа постигнати во второто полувреме, што е залудно, барем кога се работи за овој неверојатен тикет.

На тикетот добитни се неколку навистина тешки мечеви. Елче – Бетис заврши 1:1, а двата погодока беа постигнати во првото полувреме, исто како што се случи и на берлинското дерби меѓу Унион и Херта (1:1). П’лзен славеше над Чешке Будејовице со 2:1, а на полувреме беше 1:1 откако гостите израмнија во 45+1 минута. И во Португалија имаше слична ситуација, кога Гимераиш и Тондела на полувреме одиграа 1:1, а до крајот на средбата имаше само уште еден погодок.

На дуелот Салцбург – Штурм уште во 13-тата минута беше 3:1 и ова беше најлесниот меч за погодување на ГГ во прво полувреме. Во Русија, Ростов и Спартак Москва во првото полувреме си постигнаа по два гола и ова беше повеќе од доволно за ГГ прво полувреме.

Манчестер јунајтед – Брајтон е последен пар на ливчето, гостите дадоа гол само по 13 минути, а најтрофејниот англиски клуб не успеа да постигне погодок во првото полувреме и на тој начин не дозволи овој обложувач и мајстор да биде побогат за ЕДЕН МИЛИОН денари!

- Оглас -

Најнови вести