Најмалиот коефицинет во денешните Квоти на денот е 2.30

Многу интересни комбинации на пет средби од Лигата на нациите носат вкупен коефициент од 74.68, во денешната понуда од Квотите на денот во Sport Life. Од понудените комбинации, квотите на петте дуели се движат меѓу 2.30 и 2.45.

Кипар е домаќин на Литванија и тука е потребно да има голови во двете полувремиња, но не повеќе од три, што носи коефициент од 2.35.

Хрватска гостува кај Шкотска и Коцкестите не треба да загубат во дуел на кој двете селекции ќе се израдуваат барем на еден погодок, комбинација која се вреднува со 2.40 квота.

Португалија е голем фаворит за победа над Полска и тука домаќините треба да постигнат барем еден гол во првото полувреме, а на крајот Португалците да се израдуваат на три или повеќе погодоци. Оваа комбинација е со коефициент од 2.30.

Шпанија треба да победи на гости кај Данска и да има погодок во второто полувреме за да биде добитна опцијата која се вреднува со 2.35 квота.

Дерби-дуелот ќе биде меѓу Швајцарија и Србија, каде што треба двете селекции да постигнат погодок, а најмалку еден гол да има во првото полувреме. Оваа комбинација е со коефициент од 2.45.

- Оглас -

Најнови вести