Андре Вилаш-Боаш, тренерот на Марсеј, побара од ФИФА да го повлече бројот 10 од употреба, поточно ниту еден фудбалер повеќе да не носи дрес со бројот кој го карактеризира легендарниот Диего Марадона.
„Мислам дека најмалку што може ФИФА да направи е да ги повлече дресовите со бројот 10 од сите натпреварувања, клупски и интернационални. Би било убав гест во чест на најдобриот фудбалер на сите времиња“, посочи португалскиот стратег.
Дон Диего вчера во својот дом почина од срцев удар на 60 години.