Најмлади се во историјата и играат како казнена експедиција во Бундеслигата (Фото)

Тимот на Ред Бул Салцбург го доби дербито на австриската Бундеслига против Австрија Виена со 3:1 и испиша историја со најмладиот стартен состав воопшто откако се игра најсилната фудбалска лига во оваа земја.

Популарните Бикови се вистинска казнена експедиција во австриската Бундеслига и имаат 9 титули по ред, а од вчера го имаат и најмладиот тим што почнал меч во домашното првенство со просек на години од 21 и 109 дена.

Проектот на Ред Бул во овој милениум му донесе на Салцбург дури 13 шампионски круни од вкупно 16.

Три во минатиот век освои Австрија Салцбург, клуб кој потоа беше наследен од сегашниот Ред Бул Салцбург.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести