Најмладиот дебитант во историјата на Ливерпул сега продава донер

Сонот на сите млади фудбалери е еден ден да заиграат за голем клуб. Тој сон на Џером Синклер му се исполни многу брзо. Како тинејџер со само 16 години и шест дена, Синклер доби шанса да заигра за првиот тим на Ливерпул. Во 2012 година на 16 години и шест дена Синклер доби шанса да дебитира за англискиот гигант и со тоа стана најмладиот дебитанр во историјата на Ливерпул.

„Го остварив сонот“, искоментира пред 10 години тинејџерот Синклер. Сепак, сонот не траеше долго. Во дресот на Ливерпул играше само уште четири пати, а во 2016 година замина во Ватфорд. Синклер често одеше на позајмица па играше за Бирмингем, Сандерленд, Оксфорд, ВВ Венло, а на крајот заврши и во ЦСКА Софија. До јуни 2021 година му истече договорот со Ватфорд и ниту еден друг клуб не сакаше да го купи.

Синклер на 26 години мораше да најде нов начин за приходи, па реши да отвори сендвичара и да продава донери, бизнис кој засега успешно го работи шест месеци.

- Оглас -

Најнови вести