Најмладиот фудбалер во историјата на ЕП мора и да учи додека е на турнирот (Видео)

Со настапот во дресот на шпанската репрезентација на дуелот против Хрватска, младиот Ламин Јамал испиша рекорд во историјата на ЕП бидејќи е најмлад фудбалер кој некогаш заиграл на континентално првенство. Јамал има само 16 години, но имаше одличен настап против Хрватска и асистираше при еден од трите гола.

Шпанија сега се подготвува за дуелот против Италија, а додека останатите репрезентативци се фокусирани само за мечот, Јамал мора да ги сработи и зададените домашни задачи од училиште.

Кога сум во Барселона, секој ден одам на училиште, а имам и приватен учител. Понекогаш имам многу домашни. Учам и овде во Германија, но се надевам дека ако сега стигнеме до осминафинале или четвртфинале, од училиште нема да ми праќаат многу задачи“, вели Јамал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести