Лука Ромеро, ултраталентираниот играч за врска на шпанскиот второлигаш Мајорка и соиграч на Александар Трајковски, одлучи да игра за Аргентина.
Најмладиот фудбалер во историјата на Ла Лига, кој минатата сезона настапи само на 15 години и 219 дена против Реал Мадрид, можеше да бира да настапува за една од трите репрезентации на Мексико, Шпанија и Аргентина.
„Новиот Меси“, како што го нарекуваат во Шпанија, одлучи да остане верен на Гаучосите, со оглед на тоа дека веќе запиша неколку настапи за младинските селекции на Аргентина, иако Шпанската федерација беше упорна во намерата да го премисли Ромеро.