32.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

Најмладиот ѓавол со јубилеен 500-ти гол го спаси Манчестер јунајтед од пораз во Мадрид, реваншот ќе одлучува и на двомечот меѓу Ајакс и Бенфика (Видео)

Ентони Еланга го спаси Манчестер јунајтед од пораз во Мадрид против Атлетико, па по ремито 1:1, сега Црвените ѓаволи имаат предност во осминафиналето во Лигата на шампионите бидејќи реваншот ќе го играат на „Олд Трафорд“.

Еланга, кој има 19 години и влезе како резерва во 75-тата минута, успеа да израмни на 1:1 во 80-тата минута.

Тоа е јубилејниот 500-ти гол за Манчестер јунајтед во КЕШ и во ЛШ заедно.

Претходно, во седмата минута од првото полувреме Жоао Феликс со удар со глава го постигна единствениот погодок за шпанскиот првак.

Многу ефикасен меч одиграа Бенфика и Ајакс на „Луж“ во Лисабон, а и тука ниту една екипа нема предност, па реваншот во Амстердам ќе одлучи кој ќе игра во четвртфиналето.

Тадиќ и Халер двапати му носеа предност на Ајакс, но Халер си постигна и автогол, а Јармечук еднаш погоди за Бенфика за реми, 2:2.

Реваншите на овие два меча ќе се играат на 15. март.

- Оглас -

Најнови вести