Македонските фудбалери имаа специјални гости на последниот тренинг пред патот во Копенхаген и баражот против Данска. Од Фудбалската федерација на Македонија ги повикаа навивачите да им дадат поддршка на фудбалерите на тренинг, а на терените во Ново Лисиче се појавија и десеттици дечиња кои ги поздравија македонските фудбалери.
На среќата на малите дечиња им немаше крај, а на овој момент сигурно долго ќе се сеќаваат.
По неколкуте минути за фотографирање, тренингот продолжи со полна пареа.

