Најневеројатниот меч на СП: Водеа 57 минути, а на крајот загубија

Уште на вториот ден од Светското ракометно првенство во Египет се случи едно мало чудо. Алжир го победи големиот африкански ривал Мароко со 24:23, во еден неверојатен меч. Алжир поведе со 1:0, а потоа Мароко со серија од 3:0 го презеде водството за 3:1.

До крајот на првото полувреме, Мароко играше одлично и само ја зголемуваше предноста, па по 30 минути, водеа со 15:8. И по 15-тина минути во вториот дел Мароко го контролираше резултатот и водеше со 15:10, а потоа и со 22:18. Тогаш започнува чудото на Алжир, кој најпрво намалува на 21:22, што е најава за неверојатна завршница.

Мароко водеше со 23:22 и имаше напад на помалку од 100 секунди до крајот, а селекторот реши да игра со „празна мрежа“, односно место голман, да додаде уште еден ракометар во нападот. Тоа се покажа како кобно затоа што Мароко згреши, а Алжир даде лесен гол на празна мрежа.

Во последниот напад Мароко повторно сакаше да ја проба истата тактика, а и епилогот беше ист. Наместо Мароко да даде гол, ракометарите ја загубија топката, а Алжирците постигнаа погодок за победа и комплетирање на чудото во второто полувреме.

Инаку на теренот се водеше вистинска војна, а Мароканците заработија дури три црвени картони.

 

- Оглас -

Најнови вести