Рома и Аталанта освоија по еден бод на вчерашниот меч одигран на „Олимпико“ во Рим. Гостите од Бергамо треба повеќе да жалат затоа што водеа со 1:0, имаа шанси за втор погодок, но не реализираа, а на крајот Рома ги казни.
Ако Аталанта ги освоеше трите бода на „Олимпико“, ќе дојдеше на второто место на табелата во Серија А, но, за нивна жал, тоа не се случи. Напаѓачот Луис Муриел имаше шанса да погоди за 2:0, но тоа што не го реализира колумбискиот голгетер е за неверување.
Само од 5-6 метри успеа да го промаши празниот гол, а доколку погодеше, ќе му донесеше водство на својот тим од 2:0, но тоа не се случи и на крајот гостите од Бергамо беа казнети. Токму ова промашување е причина што вчера немавме втор ден по ред погодени сите три меча во Квоти на денот во Sport Life.
https://twitter.com/i/status/1385299649343414277