Напаѓачот на Вилјареал, Жерард Морено е творецот на најневеројатното промашување во шпанското првенство за оваа година. На дуелот против Валенсија, домаќините имаа стоостотна шанса уште во првата минута од средбата.
Морено доби топката од страна и непречен од никого, од само неколку метри успеа да го промаши празниот гол.