Португалската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо на „стори“ на „Инстаграм“ објави една порака која не е лесно да се дешифрира и само тој знае што сака меѓу редови да им порача на своите милиони следбеници на социјалните мрежи.
„Три аспекти на реалноста: болка, несигурност, константна работа“, стои на листот кој го објави Роналдо.
Роналдо е во болка по испаѓањето на неговата репрезентација од Светското првенство, со што тој се збогува со настапите на Мундијалите, а има несигурност околу тоа каде ќе ја продолжи клупската кариера. Роналдо е слободен играч и најавите беа дека веднаш по СП ќе се знае каде ќе игра откако неодамна му беше раскинат договорот со Манчестер јунајтед.