Најомразениот човек во НБА има Коронавирус

Американскиот милијардер Џејмс Долан познат и како сопственик на Њујорк никс, е позитивен на Коронавирусот, објави НБА тимот на својот твитер профил. Долан неодамна објави дека донирал еден милион евра во борба против опасниот вирус, а сега самиот се зарази од него.

„Во самоизолација е и има минимални симптоми, но и понатаму раководи со сите деловни операции“, стои во објавата на Њујорк.

Освен што е газда на Никси, Долан е прв човек и на НХЛ тимот на Ренџерс и женскиот НБА тим на Либерти, но сепак примарна цел во спортот му е тимот на Њујорк во НБА. Милијардерот е познат по честите конфликти кои ги има, но и по тоа дека под негово раководство Њујорк никс стана еден од најслабите екипи во лигата.

Ако претходно имаше голем број на ѕвезди кои едноставно им беше предизвик да играат во Њујорк, сега Никси се далеку и од влез во плеј-офот. Тој дури успеа да се искара и со легендата на клубот Чарлс Оукли, кој дури беше и исфрлен од арената, а некогашниот НБА играч заврши и во полиција затоа што даваше отпор на обезбедувањето.

Неодамна, Долан се скара и со најпознатиот навивач на Никси, решисерот Спајк Ли. Газдата реши да му го забрани службениот влез на Ли, место од каде со години режисерот влегуваше во арената.

Долан не сака многу противења и од навивачите, па во една ситуација кога еден фан на Њујорк му довикна „Продај го клубот“, газдата на Њујорк веднаш реагираше и му забрани на тој симпатизер веќе да доаѓа на трибините.

 

- Оглас -

Најнови вести