Најомразениот играч во Реал како роденденски подарок ќе добие титула

Покрај победите на Реал, во центарот на вниманието кај Кралскиот клуб беше и Герет Бејл. Играчот кој месечно добива повеќе од 1,5 милиони евра, ужива на клупата за резерви и со своите потези ги провоцира челниците на Реал. Бејл и на денешниот меч против Вилјареал е на клупата, но ова за него е посебен ден.

Велшанецот денеска полни 31 година, а токму на неговиот роденден Реал е пред освојување на титулата. Едноставно, Бејл како роденденски подарок може да си добие шампионски трофеј во шпанската Примера дивисион. Бејл се подготви за релаксирано гледање на дуелот против Вилајреал и со сокче во рака го следи мечот на кој Реал има водство од 1:0 по 60 минути игра.

- Оглас -

Најнови вести