Најопасниот грузиски поентер неколку месеци тренираше и играше како домашен во „Борис Трајковски“

Македонската кошаркарска репрезентација вечерва во А1 арената на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје ја пречекува Грузија, во еден од клучните два меча околу шансите да бидеме на едно од првите три места кои водат во следната фаза.

Победа за Македонија би била огромен плус, бидејќи така би се отворила шанса да не мора во јуни дома да бркаме победа од 18 поени разлика против Украина. Грузија повторно ќе биде фаворит, но не како пред три дена во Тбилиси. Јасно е дека патот до победата е колку може да се неутрализираат бекот Тадус Мекфејден и центарот Георги Шермандини.

Ненад Димитријевиќ е големиот плус за македонскиот национален тим, но на Нено ќе му претстои тешка задача во одбраната против натурализираниот Тадус Мекфејден. Овој искусен американски бек со грузиски пасош, од август до ноември 2017 година, беше член на Карпош Соколи.

Во тоа време, Соколите како домаќини играа во „Борис Трајковски“, па Мекфејден добро ги познава условите во салата.

- Оглас -

Најнови вести