Најопасните момци во светскиот фудбал

Во фудбалскиот свет, па дури и врвниот, има играчи кои се наоѓаа на насловни страници поради брутални злосторства наместо поради мајстории на зелениот терен.

Хорхе Гарсија во селекцијата на Уругвај за играчи до 17 години беше заедно со Годин, Кавани, Муслера, но проблематичната средина во која порасна и каде што дрогата и колежите се секојдневие, го однесоа во друг правец. По пропаднатиот трансфер во Челзи, се редеа проблемите и престоите во затвор за разни прекршоци. Поради нерасчистени сметки со наркомафијата, мајката на Гарсија беше убиена, а тој лично го уби својот татко по една расправија. Менталната проверка покажала дека тој бил во состојба на акутен делириум и три години мина во лудница.

Бразилскиот голман Бруно Фернандес дас Дорес де Соуза беше обвинет за напад, мачење и убиство на бившата љубовница со која има дете. Бразилецот, кој има сопруга, во таа 2010 преговараше со Милан и ја уби Елиза Самудио, чие тело го криел, а во март 2013 доби затворска казна од 22 години.

Фудбалската кариера на Лучано Кабрал (роден во Аргентина, но играше за Чиле) во Атлетико Паранаенсе не траеше долго, тој девет години ќе биде во затвор поради соучесништво во убиство.

Нигериецот Годвин Окпара, кој настапуваше за ПСЖ и Стразбур, во 2005 беше обвинет за силување и малтретирање на неговата посвоена 13-годишна ќерка. Полицијата го фати во кревет со расплаканото девојче, а малтретирањето траело три години. Тој тврдеше дека не ја силувал туку желбата била обострана. Сега е на слобода, исто како и жена му, која доби казна затвор.

Мексиканскиот голман Омар Ортис беше член на банда и изврши барем 20 киднапирања. Негова задача било да ги одбере жртвите. Осуден е на 75 години затвор.

Најпознато име меѓу криминалците е Денис Вајс. Некогашната ѕвезда и капитен на Челзи на дуелот со Мајорка во Суперкупот на Европа беше исклучен поради гризење на противнички играч, а беше во затвор за напад на таксист во Лондон. Во Лестер му скрши нос и вилица на соиграч и веднаш беше избркан од клубот.

Џои Бартон е уште едно лошо момче на англискиот фудбал. Тој на божиќна забава во 2004 изгасна цигара од окото на некогашниот талент на Манчестер сити, Џејми Танди. Потоа Танди се радикализираше и се обидуваше да задави девојка, а стана и алкохоличар.

Максим Молокоједов од Динамо Санкт Петербург се обиде да прошверцува кокаин од Јужна Америка во Европа и заврши зад решетки. Иако требаше да лежи уште една година во затвор, му дозволуваа да тренира и на дебито во втората чилеанска лига даде два гола. Сега е во Русија и уште игра активно.

- Оглас -

Најнови вести