9.8 C
Skopje
среда, 4 февруари 2026

Најплатениот играч во НБА заработува дури 100 милиони долари повеќе од Никола Јокиќ

Еден од најдоминантните кошаркари во НБА-лигата, Никола Јокиќ, оваа година се најде дури на десеттото место на листата на најплатени играчи. Српската ѕвезда во 2025 година инкасира околу 63,2 милиони долари, вклучувајќи ја платата и спонзорските договори.

На врвот на листата е Стеф Кари, кој заработува неверојатни 159,6 милиони долари, што е речиси 100 милиони повеќе од Јокиќ.

Зад него се наоѓаат Леброн Џејмс со 137,6 милиони и Кевин Дурант со 104,3 милиони долари годишно.

Во топ 10 се најдоа и Јанис Адетокумбо (99,1 милион), Џејсон Тејтум (79,1 милион), Ентони Едвардс (65,6 милиони), Џоел Ембид (65,2 милиони), Џими Батлер (65,1 милион) и Шеј Гилџес-Александер (63,3 милиони).

Со своите 63,2 милиони долари, Јокиќ ја затвора листата на најплатени, иако според квалитетот и влијанието на играта, тој се смета за еден од најдобрите кошаркари во светот денес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести