Најпопуларната пијачка на стадионите во Норвешка чини само 150 денари (Фото)

Норвешкиот прволигаш Бодо Глимт последните неколку сезони е стандарден во групната фаза на европските натпреварувања, а сега повторно е во центарот на вниманието, но поради пијалокот кој се продава на нивниот стадион.

Пијачката се нарекува Полсеван и чини 24 норвешки круни или околу 150 денари, а се состои од водата во која се подготвуваат колбасите кои се продаваат на стадионот. Ваквите пијачки се популарни на северот од Европа, веројатно и поради пристапната цена, но и поради ладното време, а наликуваат на супа.

- Оглас -

Најнови вести