Најпопуларниот НБА играч во Азија, на прагот да стане „армеец“

Бекот Џереми Лин би можел да направи изненадувачки трансфер од НБА првакот Торонто репторс во московска ЦСКА, која е актуелен европски шампион. Лин кој има 30 години, е најпопуларниот кошаркар кај азиските љубители на кошарката, а особено голема прашина се крена околу него кога првпат заигра во најсилната лига на светот.

Откако спласна еуфоријата и „Линманијата“, се покажа дека тој е солиден играч и ништо повеќе од тоа. Во минатата сезона играше добро за Атланта како прва замена за Тре Јанг, но потоа прејде во Торонто, со кој стана првак. Но, тој лично во титулата на Репторс не даде никаков придонес, бидејќи во плејофот играше само 27 минути.

Со шампионскиот прстен во џеб, тој бара нов предизвик и нема да остане во Канада. Се најавува дека ќе потпише за ЦСКА, каде би земал годишна плата од 2,5 милиони евра, со што би бил еден од најплатените играчи во Евролигата. Му останува опцијата да игра во Кина, а потоа во март да се врати во НБА и таму да игра плејоф.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести