Најповредуваниот играч на светот ја заврши кариерата

Абу Дијаби, кој важи за фудбалер кој најчесто се повредувал, ја заврши кариерата иако има само 32 години. За 14 години во Оксер, Арсенал и Олимпик Марсеј, тој одигра 208 меча, но поради разни повреди, пропушти дури 314 натпревари. Со 60 проценти изостаноци од официјалните мечеви со лекарска потврда, Диајби е светски рекордер по бројот на отсуства поради повреди.

„Стаклените“ колена и глуждови го спречија Дијаби да игра повеќе, а последниот меч го одигра пред две сезони. Трипати беше на сериозни операции, од кои најтешката беше онаа на скинатите вкрстени лигменти на коленото. Тоа е болна повреда која бара пауза од минимум 6-7 месеци.

Кариерата ја почна во Оксер, каде што покажа дека е голем талент, па беше ангажиран од Арсенал. Кај „топчиите“ остана девет сезони, но почесто беше на рехабилитација отколку на терен, а во летото 2015 премина во Марсеј, но играше само на пет меча.

Арсенал преку социјалните мрежи му се заблагодари на Французинот за придонесот кој го дал во нивниот дрес.

- Оглас -

Најнови вести