5.8 C
Skopje
четврток, 25 декември 2025

Најпознатата хрватска навивачка распали по водителката: Да изгледав како тебе, ќе носев само зимска облека

Популарната навивачка Ивана Кнол не пропушта шанса да ја бодри хрватската фудбалска репрезентација на големи натпреварувања, па така и сега е дел од Европското првенство во Германија.

Таа често е интересна и за новинарите, но на едно од последните интервјуа кои ги даде, влезе во „војна“ со новинарката на германската телевизија „Магента“, Лаура Вонтор.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ivana Knöll (@knolldoll)

Во еден момент Ивана искоментира дека е ладно времето, а потоа една од водителките во студио коментираше: „Во принцип постои опција и да облечеш нешто ако е ладно“. Потоа се надоврза и Лаура, која искоментира: „Сега е потребно и малку стручна анализа. Доста зборувавме за времето и облеката, малку да зборуваме за спортот“.

Ивана Кнол се навреди по овие коментари и на својот инстаграм-профиул упати порака. „Драга Лаура, да изгледав како тебе, ќе носев исклучително само зимска облека“, беше пораката на Ивана напиишана на фотографијата со ликот на Лаура.

Потоа Ивана имаше порака и за ТВ-Магента. „Научете ги вашите водителки на пристојно однесување и никогаш повеќе немојте да ме викате на интервју“, беше пораката од Ивана.

- Оглас -

Најнови вести