Една од највозрасните атлетичарки на Параолимписките игри во Париз, 50-годишната Валентина Петрило, беше предмет на бројни контроверзии затоа што беше првиот учесник на Параолимписките игри кој е отворено трансродово лице.
Валентина само до пред четири години беше маж и се викаше Фабрицио. Беше во брак со поранешната партнерка Елена, со која има и две деца.
„Со Елена заедно одевме да купуваме женска облека и таа ми помагаше да се нашминкам. На крајот се разведовме, но сè уште живееме заедно во Болоња, сè уште сме семејство, а синот Лоренцо и понатаму ме нарекува тато. Јас и Елена се сакаме, но тоа е друга љубов. Знаеме дека не можеме да имаме физички однос и таа сега има партнер, но ние двајцата сме тука за Лоренцо“, изјави Петрило за врската со Елена во периодот на половата транзиција.