Најпознатиот бејзбол клуб доби понуда од веб-сајт за возрасни што не се одбива

Во американската МЛБ-лига се воведуваат промени околу спонзорства и реклами на дресовите. Франшизата на Сан Диего падрес е првиот клуб кој склучи соработка на дресовите да стави реклама од компанијата „Моторола“, додека најпознатиот бејзбол клуб во светот доби доста примамлива понуда.

Имено, веб-сајтот за возрасни „Стрипчат“ понуди 20 милиони долари до Њујорк јенкис за соработка, односно амблемот на сајтот да се рекламира на ракавите од дресовите. Од таборот на Јенкис уште нема одговор, додека пак во раководството на веб-сајтот оптимизмот е присутен дека ќе се прифати понудата.

„Сакаме да ја зголемиме посетеноста на веб-сајтот низ целиот свет, а знаеме дека најдобро ќе успееме во тоа доколку ставиме реклама на еден од најпопуларните планетарни спортски клубови. Па, нема подобар начин од тоа да залепиме наш амблем на дресовите од Јенкис. Оваа потенцијална соработка има смисла, најпознатиот веб-сајт за емитување во живо за возразни да се рекламира со помош на најголемиот бејзбол клуб во САД. Ајде да ги направиме црните вертикални линии на дресовите во шипки за стриптиз“, посочи претседателот на „Стрипчат“, Макс Бенет.

Јенкис се најтрофејна франшиза во МЛБ-лигата со 27 титули, а прашање е дали ќе го следи примерот на колегите од Сан Диего.

Инаку, во САД од 2007 година е дозволено лепење реклами на дресови од спортски клубови. Први почнаа фудбалските екипи во МЛС-лигата, во НБА вакви промени се воведоа од сезоната 2017/18, додека во НХЛ-лигата прво почнаа со лепење реклами на шлемовите од хокеарите во сезоната 2020/21, а од оваа есен ќе имаат реклами и на дресовите.

 

- Оглас -

Најнови вести