Најпознатиот фудбалски менаџер се бори за живот!

Еден од најдобрите фудбалски менаџери во светот, Мино Раиола се наоѓа на интензивна нега во една болница во Милано и лекарите се борат за неговиот живот, пренесуваат голем број на светски медиуми.

Раиола кој има 54 години, бил хоспитализиран поради проблеми со белите дробови, а во последните неколку часа ситуацијата се влошила. Пред осум дена тој имаше операција, а не се знае дали е заразен од Коронавирусот или се работи за некој друг респираторен проблем.

Роден во Италина, Раиола заминал во Холандија од каде и ја започнува неговата неверојатна менаџерска кариера. Голем број на светски ѕвезди биле негови клиенти, а сега под негова палка се Златан Ибрахимовиќ, Ерлинг Халанд, Џиџи Донарума, Пол Погба, Матијс де Лихт, Марко Верати и многу други славни фудбалери.

- Оглас -

Најнови вести