Данскиот спортски портал „Типсбладет“ го обвини најпознатиот фудбалски новинар за трансфери, Фабрицио Романо, дека е измамник и дека зема пари за објави на социјалните мрежи.
Романо кој изминатите години стана познат и релевантен извор за фудбалски трансфер, се најде на удар на данскиот медоум поради објавата за статусот на играчот на Копенхаген, Рони Бардџи.
https://twitter.com/FabrizioRomano/status/1762867809321664834?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1762867809321664834%7Ctwgr%5E1ed5027f9f4aa94bf7fde44b00937b47efa5274e%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fsport.novi.ba%2Fclanak%2F325674%2Fsvijet-fudbala-u-soku-danci-optuzili-najpoznatijeg-insajdera-da-laze-fabricio-romano-na-zestokom-udaru-zbog-ovoga
Новинарот објави дека Бардџи нема намера да потпише нов договор со Копенхаген бидејќи сезонава нема преголема минутажа, а згора на тоа, на 18 месеци пред истекот на актуелниот договор, интерес за него пројавувале неколку големи екипи.
Копенхаген ја демантираше оваа вест на Романо, додека порталот „Типсбладет“ го обвини Романо дека зема пари за објави на социјалните мрежи и тоа преку неговата компанија „Мемо“. Наводно, Романо за објава во вид на текст добивал 1.000 евра, а доколку вметне и видео снимка, наводно наплаќал 6.000 евра.