Најпознатиот фудбалски новинар потврди дека Мбапе налето се сели во Мадрид

Италијанскиот новинар Фабрицио Романо, кој е експерт за фудбалски трансфери, потврди дека Килијан Мбапе од следната сезона ќе го носи дресот на Реал Мадрид.

Договорот на Мбапе истекува на крајот од сезонава, а одличниот напаѓач уште во јануари им порача на челниците на ПСЖ дека налето ќе го напушти клубот.

„Килијан Мбапе е многу задоволен со разговорите кои ги има со Реал Мадрид. Прашање на време е кога ќе биде завршена сагата. Мбапе донесе одлука, тоа е Реал Мадрид и тука нема никакви дилеми. Тој никогаш немал намера да преговара со други клубови, неговиот фокус постојано беше на Реал Мадрид. Тој во Реал Мадрид доаѓа како слободен играч откако ќе му заврши договорот со ПСЖ. Францускиот тим се обиде да го задржи, постојано му испраќаше понуди за продолжување на договорот, но Мбапе го избра Реал и на ПСЖ му порача да не му се јавува повеќе за продолжување на соработката“, објави Романо.

https://twitter.com/FabrizioRomano/status/1781034900914663800

 

- Оглас -

Најнови вести