33.8 C
Skopje
среда, 20 август 2025

Најпознатиот македонски пијанист им донесе среќа на Никола Јокиќ и Денвер нагетс

Маестро Симон Трпчески на социјалните мрежи објави дека присуствувал на НБА мечот на кој Денвер нагетс се пласираше во следното коло на плејофот, и дека му дал поддршка на тимот чиј лидер е Србинот Никола Јокиќ.

„Пред почетокот на мојата пролетна концертна турнеја во САД и првата проба со Колорадо Симфонијата! Како што во минатото го поддржувавме нашиот легендарен македонски кошаркар – Перо Антиќ, кој играше во НБА… сега го поддржуваме нашиот сосед од Србија – Никола Јокиќ, заедно со колегите Македонци, за тесната, но важна победа на Денвер Нагетс! Музика и спорт – многу заедничко“ – напиша Трпчески.

- Оглас -

Најнови вести