8.8 C
Skopje
сабота, 7 февруари 2026

Најпознатиот навивач на Манчестер јунајтед никогаш не беше поблиску до исполнување на целта (Фото)

Френк Илет стана вирален откако пред себе си постави неверојатен предизвик: да не се потстрижува додека „црвените ѓаволи“ не победат на пет натпревари по ред. Се чини дека никогаш не беше поблиску до остварување на целта.

Манчестер јунајтед има четири победи по ред, па потребен е само уште триумф над Вест хем идниот викенд и Илет конечно ќе се потстриже.

Социјалните мрежи буквално „вријат“ со објави за најпознатиот навивач на Манчестер јунајтед, а најпечатлива е фотографијата со Мајкл Карик во улога на бербер, тренерот по чие доаѓање на клупата на „црвените жаволи“ и започна неверојатната серија од четири победи по ред во Премиер лигата.

 

- Оглас -

Најнови вести