Познатиот американски бизнисмен Џим Мекингвејл, познат во САД под прекарот „Душекот Мек“, повторно е во центарот на вниманието откако беше обелоденето дека уплатил неверојатни 3,46 милиони долари на победа на Тампа Беј баканирс во вчерашниот Супербол во НФЛ-лигата во американски фудбал.
Бизнисменот кој во Хјустон има продавница за мебел, веруваше во тимот од Флорида и во магијата на Том Брејди и тоа му донесе „лесна“ добивка од 2,7 милиони долари, со оглед на конечниот резултат од 31-9 со кој Пиратите го победија фаворитот Канзас сити.