Турчинот Јусуф Дикец стана вистински хит откако минатата година на Олимписките игри се натпреваруваше без да користи дополнителна опрема. Дикец на крајот освои сребрен медал на Игрите во Париз и ги освои симпатиите кај сите неутрални навивачи.
Дека таквиот начин да се натпреварува без дополнителна опрема е стилот кој го негува Дикец, се потврди и на Европското првенство кое неодамна заврши. Во категоријата воздушен пиштол, Турчинот немаше конкуренција и го освои златниот медал. Во финалето, кога пукаше Дикец, делувашедека тоа е нешто најлесно на светот. Неговиот стил е едната рака да му биде во џебот, а со другата да го држи пиштолот и да пука, без да има никаква дополнителна опрема.
„Неверојатно е чувството да се освои златниот медал. Ова е совршена подготовка за Светското првенство кое ќе биде во ноември во Кина“, рече континенталниот првак Дикец.
🇹🇷 Yusuf Dikec from Turkey winning gold medal at European Championships 2025, he does it again very casually
pic.twitter.com/GplhORFv6S— World of Statistics (@stats_feed) October 5, 2025
Освојувачот на европското злато уште минатата година објасни зошто не носи никаква дополнителна опера. Тој вели дека едноставно е природен стрелец и дека воопшто не му треба дополнителна опрема.