Најромантичната спортска приказна заврши со развод

Икер Касилјас и Сара Карбонеро одлучија да се разделат по петгодишен брак и една од најромантичните спортски приказни шро привлекуваше многу внимание во последната декада.

Познатиот голман и некогашната шпанска новинарка имаа многу проблеми, пред се здравствени, но успеваа да го одржат бракот пет години, пред да се одлучат за развод.

Касилјас, кој е еден од најдобрите голмани на сите времиња преживеа срцев удар додека бранеше за Порто, но успеа да се извлече. Сара во истата 2019 година се соочи со најголемата животна битка, откако и беше дијагностициран рак, па мораше да биде оперирана.

Двојката која беше многу популарна, особено по бакнежот на Касилјас во живо, додека Карбонеро му правеше интервју во 2010 година одлучи да оди по различен пат, иако останаа пријатели, а во петгодишниот брак имаат и две деца.

 

- Оглас -

Најнови вести